Поради песочната бура во Иран затворени училиштата и владините институции
- Училиштата и владините објекти денеска беа затворени во Техеран и во неколку други градови во Иран поради песочната бура.

Техеран, 4 јули 2022 (МИА) - Училиштата и владините објекти денеска беа затворени во Техеран и во неколку други градови во Иран поради песочната бура.
Државната телевизија објави предупредување за лошиот квалитет на воздухот и ги советува постарите, болните и децата да преземат мерки на претпазливост.

Техеран е меѓу најзагадените градови во светот.
Експертите вината за зачестеноста и интензитетот на најновите песочни бури ја посочуваат кон лошата владина политика и климатските промени. паг/