• понеделник, 29 април 2024

Поради митинг на плоштадот „Скендербег“ посебен режим на сообраќај во Скопје

Поради митинг на плоштадот „Скендербег“ посебен режим на сообраќај во Скопје

Скопје, 22 април 2024 (МИА) - Поради одржување митинг, денеска во 20:30 часот на плоштадот „Скендер бег“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје.

Како што информираат од СВР Скопје, сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници. сст/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан