• недела, 22 декември 2024

Поради нискиот водостој на Рајна нема бензин во Баден-Виртемберг

Поради нискиот водостој на Рајна нема бензин во Баден-Виртемберг
Берлин, 3 ноември 2021 (МИА) - По Велика Британија и германската покраина Баден-Виртемберг се соочува со недостиг на бензин, објави весникот „Билд“. Како причина за недостигот на бензин се наведуваат проблемите со транспортот односно нискиот  водостојот на реката Рајна. - Поради нискиот водостој на Рајна, товарните бродови повеќе не можат да пловат со полн товар и да доставуваат вообичаени количини гориво до некои пумпи, изјави Александар фон Герсдорф од Здружението на нафтената индустрија. Поради нискиот водостој на Рајна, експертите очекуваат дека во наредните денови ќе има проблеми со испораката на гориво, а некои пумпи ќе „пресушат“. ми/

Остани поврзан