• понеделник, 23 декември 2024

Поради недостиг на чипови затворени погони на Дајмлер

Поради недостиг на чипови затворени погони на Дајмлер
Берлин, 28 јули 2021 (МИА) - Новиот недостиг на чипови на глобалниот пазар го принуди германскиот производител на автомобили Дајмлер да го запре производството во три германски и во еден унгарски погон. Илјадници работници во фабриките во Синделфинген, Растат и Бремен имаат скратено работно време, нагласија од Дајмлер. Производството исто така е запрено во фабриката на Дајмлер во Кечкемет, Унгарија, и нема да започне до средината на август. Прекините во производството во Германија ќе бидат пократки, во Растат на границата со Франција, погоните ќе бидат затворени до крајот на следната недела, а во Бремен во северозападна Германија до крајот на оваа недела. Во Синдлфинген во близина на Штутгарт, производството ќе се одвива на некои производствени линии, додека на други ќе биде прекинато до крајот на неделава. Во фабриката во Бремен работат повеќе од 12.000 работници, а во Растат околу 6.500 работници. Во Кечкемет има 4.700 работници и во Синделфинген 25.000 работници. ми/

Остани поврзан