• вторник, 14 април 2026

Најмалку тројца загинати во два руски напада врз Украина

Најмалку тројца загинати во два руски напада врз Украина

Киев, 24 март 2026 (МИА) – Најмалку три лица загинаа, а 14 се повредени во синоќешните руски напади врз два региона во Украина.

Шефот на регионалната администрација во Полтава, Виталиј Дијакивнич на Телеграм објави дека две лица загинале, а 11 се повредени при рускиот напад, кој предизвика пожари и оштети станбени згради и хотел.

Додека во „масовниот комбиниран напад на руски ракети и дронови“ во Запорожје загина еден човек, а тројца се повредени. ми/ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан