• петок, 22 ноември 2024

Популарноста на ПСЖ на социјалните мрежи порасна за 162 пати во последните девет години

Популарноста на ПСЖ на социјалните мрежи порасна за 162 пати во последните девет години
Париз, 1 август 2020 (МИА) - Бизнис школата на Харвард презентираше истражување за работата на францускиот фудбалски шампион Пари Сен Жермен. Во анализта се забележува дека популарноста на ПСЖ на социјалните мрежи порасна приближно 162 пати во текот на изминатите девет години. Во 2011 година, клубот имаше околу 500 илјади претплатници на различни платформи. Во 2020 година, тимот го следат околу 81 милиони корисници. Студијата го разгледа периодот од кога клубот беше купен „ Qatar Sports Investments“ – структура од Блискиот исток. Претседател на клубот е Насер Ал-Келаифи, кој заедно со своите соработници се одликуваат со желба да воспостават најразлични врски помеѓу клупските институции и области кои не се директно поврзани со фудбалот: други спортови, мода, музика, филм, телевизија и уметност. зс/

Остани поврзан