• сабота, 23 ноември 2024

Поповолна економската состојба во преработувачката индустрија на месечно ниво

Поповолна економската состојба во преработувачката индустрија на месечно ниво
Скопје, 18 октомври 2022 (МИА) - Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во септември во однос на август годинава е непроменет и изнесува 14,2, а во однос на септември лани е намален за 0,6 процентни поени. -Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во септември во однос на август годинава е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени, информира Државниот завод за статистика во соопштение за деловните тенденции во преработувачката индустрија за септември годинава. Оценката за економската состојба на деловните субјекти во септември е поповолна во однос на август годинава, а понеповолна во однос на септември минатата година. Се очекува бројот на вработените да се намали. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во септември годинава изнесува 66,1 процент од нормалното искористување. Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат: недостигот на квалификувана работна сила со 21,2  проценти, недоволната странска побарувачка со 16,8 проценти, неизвесното економско опкружување со 16,4  проценти и недоволната домашна побарувачка со 11,9 проценти. лв/ац/

Остани поврзан