• четврток, 24 октомври 2024

Околу Киев во текот на ноќта откриени и уништени 10 руски дронови

Околу Киев во текот на ноќта откриени и уништени 10 руски дронови

Киев, 24 октомври 2024 (МИА) - Во текот на ноќта во воздушниот простор околу Киев се откриени и неутрализирани десетина руски дронови, соопшти воената управа на градот Киев.

Во соопштението се наведува дека тоа е четиринаесетти воздушен напад на руските вооружени сили врз Киев од почетокот на октомври, пренесува Укринформ.

Како што наведе на Телеграм шефот на воената управа на Киев, Сергеј Попко, засега нема информации за разурнувања или жртви.

Според него, местото каде што биле лансирани беспилотните летала е регионот Курск, а во текот на ноќта трипати во Киев бил објавен тревога за воздушна опасност, која траела речиси шест часа. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан