• понеделник, 23 декември 2024

Помпео: САД се против обидите на Русија да ја прекрои историјата

Помпео: САД се против обидите на Русија да ја прекрои историјата
Вилнус, 23 јули 2020 (МИА) – САД денеска им се приклучија на Литванија, Летонија и Естонија, во спротивставувањето на сите руски обиди за прекројување на историјата, откако рускиот претседател Владимир Путин рече дека балтичките држави во 1940 година се согласиле да бидат анексирани од Советскиот сојуз. - Остро се спротивставуваме на каков било обид на Русија да ја прекрои историјата за да ја оправда окупацијата на Советскиот Сојуз и анексијата на балтичките држави во 1940 година, напиша државниот секретар на САД, Мајк Помпео, во заедничката изјава со министрите за надворешни работи на трите балтички држави. Со заедничка изјава е одбележана 80-годишнината од декларацијата во 1940 година од страна на тогашниот вршител на должност американски државен секретар Самнер Велс, со која се осуди советската окупација на трите држави. јт/

Остани поврзан