• недела, 22 декември 2024

Помпео заминува на турнеја во Европа и на Блискиот Исток

Помпео заминува на турнеја во Европа и на Блискиот Исток
Вашингтон, 11 ноември 2020 (МИА) - Државниот секретар на САД, Мајк Помпео од 13 до 23 ноемви ќе ги посети Франција, Турција, Грузија, Израел, Обединети Арапски Емирати, Катар и Саудиска Арабија, соопшти денеска прес-службата на американскиот Стејт департмент. Помпео во Париз ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон, министерот за надворешни, Жан Ив Ле Дријан и други високи службеници за да се продолжи со трансатлантската соработка околу прашања поврзани со економијата и безбедноста, како и околу проблемот со тероризмот и глобалните закани. Од Париз, државниот секретар заминува за Истанбул каде треба да се сретне со вселенскиот патријарх Вартоломеј Први, и ќе разговара за верските прашања во Турција и регионот, со намера да се потврди истакне тврдата позиција на САД околу верските слободи во целиот свет. Потоа, Помпео оди за Грузија, на средба со претседателката Саломе Зурабишвили и со други официјални лица, како и со архиепископот на правиславната црква во Грузија. Државниот секретар потоа ќе отпатува во Израел каде ќе се сретне со премиерот Бенјамин Нетанјаху, за разговори околу „договорт Абрахам“ и заедничките напори околу борбата со злонамерните активности на Иран. Потоа, тој оди во ОАЕ на средби со престолнаследникот, принцот Даби Мухамед бен Саид, и во Катар на средба со министерот за надворешни, Мухамед бин Абдулрахман Ал Тани, каде ќе се разговара за соработка воо бласта на безбедноста и регионалните прашања, како важноста од единство на Персискиот залив. Помпео турнејата ја завршува во Саудиска Арабија на средби со принцот престолонаследник Мухамед бен Салман. кб/ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан