• сабота, 27 јули 2024

Пол стана петти асистент на вечната листа во плејофот на НБА-лигата

Пол стана петти асистент на вечната листа во плејофот на НБА-лигата
Феникс, 3 мај 2022 (МИА) – Кошаркарот на Феникс санс, Крис Пол се искачи на петтата позиција по број на асистенции во историјата на плејофот во НБА-лигата. Пол на натпреварот со Далас маверикс одигран рано утрово забележа три асистенции и го надмина легендарниот Тони Паркер кој своевремено настапуваше за Сан Антонио. Феиникс го доби натпреварот со 121:114 и поведе со 1:0 во серијата, а Пол стигна до 1.144 асистенција во кариерата. Пред 36-годишниот плејмејкер на листата најуспешни асистенти во НБА се наоѓаат: Меџик Џонсон (2.346), Леброн Џејмс (1.919), Џон Стоктон (1.839) и Џејсон Кид (1.263). зс/

Остани поврзан