Полска ќе купи над 200 антирадарски проектили од САД
- Полските власти денеска објавија дека е потпишан договор за купување на повеќе од 200 антирадарски ракети од САД за сума од 745 милиони долари како дел од модернизацијата на армијата.
Варшава, 28 јануари 2025 (МИА) - Полските власти денеска објавија дека е потпишан договор за купување на повеќе од 200 антирадарски ракети од САД за сума од 745 милиони долари како дел од модернизацијата на армијата.
Според соопштението на полското Министерство за одбрана, договорот е за испорака на ракети воздух-земја AGM-88G AARGM-ER, што може да се испукуваат од борбени авиони за уништување радарски системи на земја.
Испораката на американските наведувани ракети ќе се врши од 2029 година до 2035 година Ракетите имаат зголемен дострел - над 200 километри - и се наменети да ги користат борбените авиони Ф-35, што треба да почнат да се испорачуваат во Полска во 2026 година. зш/