• четврток, 26 март 2026

Полска со протестна нота до Русија поради оштетување на Амбасадата на Полска во Киев

Полска со протестна нота до Русија поради оштетување на Амбасадата на Полска во Киев

Варшава, 4 јули 2025 (МИА) – Полското Министерство за надворешни работи испрати нота до Амбасадата на Русија во знак на протест против воздушните напади врз Украина, при што е оштетена зградата на конзуларниот дел на полската Амбасада во Киев.

Министерството за надворешни работи испрати нота до Руската амбасада, во која остро протестира против воздушните напади врз украинското население. Тоа е спротивно на меѓународното право, а особено на Виенската конвенција од 1961 година, објави полското МНР на платформата Икс.

Во синоќешните руски напади врз Киев повредени се 26 лица, меѓу кои и 10-годишно, а оштетени се станбени згради, образовни институции, медицинска установа и инфраструктурата во неколку области на главниот град. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан