• среда, 13 ноември 2024

Полска: Русија не е подготвена за мир, бара големи територијални отстапки од Украина

Полска: Русија не е подготвена за мир, бара големи територијални отстапки од Украина

Варшава, 29 август 2024 (МИА) - Русија не е подготвена за мировни преговори со Украина затоа што продолжува да бара Украина да се откаже од големи делови од својата територија, изјави полскиот министер за надворешни работи Радаслав Сикорски во денешното интервју за агенцијата ПАП, пренесува ДПА.

- Русија продолжува да бара капитулација на Украина, и додека тоа е случај, Украина нема да прифати, рече Сикорски .

Тој реагираше на најавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој изјави дека сака да претстави нов мировен план пред претседателските избори во САД во ноември.

Кога станува збор за завршување на војната, рускиот претседател Владимир Путин и други руски политичари секогаш бараат големи територијални отстапки од Украина и влада во Киев која ќе биде пријателска кон Москва. Откако украинските трупи напредуваа во рускиот регион Курск, руските функционери велат дека преговори се целосно невозможни, потсетува ДПА.

Полскиот министер за надворешни работи гледа на украинската офанзива пооптимистички од другите западни влади.

- Украина направи нешто неочекувано за Путин, окупираше дел од Русија. Сега постои основа за преговори и за барањето двете земји да се повлечат на меѓународно признаена граница, рече тој.

Украина се брани од целосната инвазија на Русија, која започна во февруари 2022 година. Полска е еден од најголемите поддржувачи на Украина. ссм/

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан