Полска обвини шест лица за саботажа по нарачка на странски разузнавачки служби
- Властите тврдат дека групата делувала по налог на руски и белоруски тајни служби со цел да создаде јавна вознемиреност и чувство на беспомошност кај властите.
Варшава, 13 август 2025 (МИА) – Полските обвинители подигнаа обвинение против шест лица за саботажа извршена по налог на странски разузнавачки служби, соопштија од обвинителството.
Меѓу обвинетите има тројца полски и тројца белоруски државјани. Обвиненијата се поврзани со повеќе пожари, вклучувајќи опожарување на магацин за палети во градот Марки во април 2024 година и обид за палење магацин во Гдањск во март 2024 година.
Властите тврдат дека групата делувала по налог на руски и белоруски тајни служби со цел да создаде јавна вознемиреност и чувство на беспомошност кај властите.
Некои од обвинетите ја признаа вината делумно или целосно, а други се изјаснија за невини. ссм/
фото: архива