Полска гради ѕид од „змејски заби“
- На полската граница со руската енклава Калининград подигнат е ѕид од бетонски „змејски заби“, како дел од одбранбениот систем долг 800 километри, во кој Полска ќе инвестира најмалку 2,35 милијарди долари
Варшава, 4 декември 2024 (МИА) – На полската граница со руската енклава Калининград подигнат е ѕид од бетонски „змејски заби“, како дел од одбранбениот систем долг 800 километри, во кој Полска ќе инвестира најмалку 2,35 милијарди долари.
Одбранбениот систем, покрај бетонскиот ѕид „змејски заби“, кој ќе стигнува сè до границата со Украина, ќе содржи и системи за извидување и откривање закани, предни бази, логистички центри, магацини и систем за заштита од дронови.
- Првиот дел од Источниот штит на границата со Русија е готов! За време на средбата со војниците на 200 метри од границата, се чувствував навистина безбедно, напиша полскиот премиер Доналд Туск на Икс за време на неговата посета на границата пред неколку дена.
Од почетокот на руската инвазија на Украина, Полска е еден од најгласните поборници за зајакнување на одбраната. Варшава за следната година планира да потроши 4,7 отсто од својот бруто домашен производ (БДП) за одбрана, со што ќе биде една од водечките членки на НАТО во однос на издвојувањата за воени потреби. ми/
фото: Икс