• четврток, 05 декември 2024

Шолц: Украинските бегалци мора да најдат работа или да се вратат дома

Шолц: Украинските бегалци мора да најдат работа или да се вратат дома

Берлин, 4 декември 2024 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека невработените украински бегалци мора да бидат охрабрени да се вработат или да се вратат во својата матична земја, јави ДПА.

-Премногу од нив се тука толку долго, и, како да кажам, сега треба да започнат да работат, рече Шолц пред пратениците во Бундестагот, Долниот дом на германскиот Парламент.

Германија мора да обезбеди услови што е можно повеќе Украинци и другите бегалци да бараат работа откако ќе го научат германскиот јазик и другите мерки за интеграција.

Канцеларот смета дека претходните успеси, со владината таканаречена програма „работа турбо“, не беа доволни, пренесува германската агенција.

Два дена по неговата посета на Киев, Шолц рече дека „долго“ разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски за ова прашање.

Шолц објави дека Зеленски има за цел да „ помогне да се постават украински авторитети во Германија и Полска за поддршка на Украинците“, тие или да најдат работа или да се вратат дома.

Властите во Киев го преименуваа Министерството за реинтеграција - кое е одговорно за помагање на Украинците кои се враќаат - во министерство за национално единство.

Обединетите нации наведуваат дека речиси седум милиони Украинци се побегнати во странство. Над еден милион, главно жени со деца, се во Германија, но само над 260.000 украински бегалци имаат работа, наведува ДПА.сд/

фото:ДПА

Остани поврзан