• недела, 22 декември 2024

Полската нафтена компанија „Орлен“ купи 20 водечки регионални дневни весници

Полската нафтена компанија „Орлен“ купи 20 водечки регионални дневни весници

Варшава, 9 декември 2020 (МИА) - Полската државна нафтена компанија „Орлен“ купи 20 водечки регионални дневни весници во Полска, што многумина сметаат дека е клучен доказ дека полските власти не се откажуваат од намерата за натамошно ограничување на слободата на медиумите.

„Ние го преземаме Полска прес. Благодарение на оваа инвестиција, ќе можеме да достигнеме до 17,4 милиони читатели преку интернет. Ова ќе ни помогне да го зајакнеме одделот за продажба и дополнително да ги подобриме алатките за обработка на големи податоци", објави директорот на „Орлен“, Даниел Обајтек преку Твитер.

„Орлен“ ја купи медиумската група Полска Прес од Германската издавачка група Пасау (ВГП), која работи во Германија и Полска. Компанијата соопшти дека одлучила да ја продаде својата филијала за медиуми во Полска, која ја гради веќе 26 години, од стратешки причини.

Иако Обајтек ја претстави трансакцијата како добар деловен потег за „Орлен“, чија основна дејност е рафинирање и продажба на нафта и нафтени производи, критичарите на Владата сметаат дека оваа набавка има за цел зајакнување на влијанието на Владата врз медиумскиот сектор.

Даниел Обајтек во јавноста се смета за лојален член на владејачката конзервативна партија Право и правда. паг/

Остани поврзан