• четврток, 16 мај 2024

Положено цвеќе пред споменикот на Васил Стојанов-Аџиларски

Положено цвеќе пред споменикот на Васил Стојанов-Аџиларски

Скопје, 20 октомври 2023 (МИА) - По повод одбележувањето на Денот на македонската револуционерна борба, 23-ти Октомври денеска беше положено  цвеќе пред споменикот на војводата Васил Стојанов-Аџаларски, во населеното место Миладиновци.

-Свежо цвеќе пред споменикот на Аџиларски положи делегацијата од општина Илинден предводена од градоначалникот Александар Георгиевски, претставници на општинските јавни установи, сојузот на борци, Здружението на пензионери од Општина Илинден и невладини организации и граѓани. Денот на македонската револуционерна борба, 23-ти Oктомври, е ден кога со гордост се потсетуваме на борците за слобода и еднаквост каков што бил Васил Стојанов-Аџаларски, кој е роден во селото Аџалари, денешно Миладиновци во 1880 година, а загинува во 1909 година, информираат од Општина Илинден.

Аџаларски пред и по Илинденското востание бил предводник на поголема чета, во која  имало повеќе комити од околните места на денешната општина Илинден. љм/ир

Фото: Општина Илинден

Остани поврзан