• четврток, 26 март 2026

Положено цвеќе на споменикот на светите Кирил и Методиј во универзитетскиот кампус во Скопје

Положено цвеќе на споменикот на светите Кирил и Методиј во универзитетскиот кампус во Скопје

Скопје, 23 мај 2023 (МИА) - По повод одбележувањето на 74-годишнината од основањето на Универзитетот и одбележувањето на Денот на светите Кирил и Методиј, денеска беше положено цвеќе на споменикот во универзитетскиот кампус во Скопје.

На настанот покрај ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, присуствуваа и декани, професори, како и други лица поврзани со Универзитетот.

Како уште еден дел од низата свечености за одбележување, коа започна во петокот ќе биде и вечерашната свечена академија во НУ Филхармонија, која ќе почне од 20 часот. бд/аа/

Фото: Андреј Бранковиќ (МИА) 

Остани поврзан