• понеделник, 02 февруари 2026

Полицијата фати крадец кој извршил повеќе кражби во Велес

Полицијата фати крадец кој извршил повеќе кражби во  Велес

Велес, 2 февруари 2026 (МИА) - Полицски службеници од СВР Велес  синоќа во 20:50 часот го лишиле од слобода  35 годишниот А.Р. од Велес. Тој се сомничи дека на неколку локации во Велес извршил кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“. Дел од одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците,информираат денеска од СВР Велес.

Воедно појаснуваат дека бил известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настаните, по што против А.Р. ќе бидат  поднесена соодветни поднесоци.ад/вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан