• недела, 06 октомври 2024

Полицијата регистрира зголемување на бројот на случаи на сексуална злоупотреба на деца во Германија

Полицијата регистрира зголемување на бројот на случаи на сексуална злоупотреба на деца во Германија

Берлин, 8 јули 2024 (МИА) - Бројот на регистрирани случаи на сексуална злоупотреба на деца и адолесценти се зголемил во Германија минатата година, според денеска објавен полициски извештај.

Полицијата претпоставува дека има голем број непријавени случаи на ваков вид прекршок, се наведува во извештајот.

Во 2023 година, полицијата регистрирала 16.375 случаи на сексуална злоупотреба на деца, што е зголемување за 5,5 отсто споредено со претходната година.

Во истиот период евидентирани се и 1.200 прекршоци во кои млади биле сексуално злоставувани. рп/

Фото: МИА архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан