• сабота, 21 декември 2024

Во израелски напад врз џамија и училиште во Газа загинаа 24 лица, а 93 се ранети

Во израелски напад врз џамија и училиште во Газа загинаа 24 лица, а 93 се ранети

Газа, 6 октомври 2024 (МИА) - Во утринскиот израелски напад врз централниот дел на Појасот Газа, во кој беа погодени џамија и училиште, во кои имало засолнети раселените цивили, загинаа 24 лица, а 93 се ранети, соопшти канцеларијата за медиуми на администрацијата на Хамас во Појасот Газа.

Палестинските здравствени власти соопштија дека уште најмалку 20 лица загинале синоќа во северниот дел на Газа, откако израелската армија за првпат испрати тенкови во областа, повикувајќи ги жителите да се засолнат во таканаречените безбедни зони на југот од енклавата, пренесуваат британските медиуми.

Израелската војска (ИДФ) соопшти дека извршила „прецизни напади против терористите на Хамас“ кои дејствувале во командните и контролните центри лоцирани во училиштето Ибн Рушд и џамијата Шухада ал Акса во областа Деир ал Балах, во централна Газа.

Се наведува дека целта бил команден и контролен центар на Хамас, но палестинската милитантна група ги отфрла израелските обвинувања дека користи цивилни објекти како училишта, болници и џамии за воени цели.сд/

фото:Скриншот од Ал Џезира

Остани поврзан