• вторник, 02 јули 2024

Полицијата преговара со вооружениот маж кој зеде заложници во американската фабрика P&G во Турција

Полицијата преговара со вооружениот маж кој зеде заложници во американската фабрика P&G во Турција

Анкара, 1 февруари 2024 (МИА) - Вооружен маж зел како заложници неколку вработени во фабрика на американската групација Procter & Gamble (P&G) во северозападна Турција, јавија турски медиуми. Според медиумите, човекот ги претставил своите постапки како чин на осуда на израелските воени операции во Појасот Газа.

Неидентификуван маж со оружје влегол во фабриката во индустриската зона на градот Гебзе во округот Коџаели околу 15 часот по локално време. Полицијата пристигнала на местото на настанот и преговара со мажот. Пристигнал и гувернерот на Коџаели, кој за ситуацијата бил информиран од полицијата. Фотографии објавени од турските медиуми покажуваат дека полициските автомобили го блокираат пристапот до локацијата на американската компанија во Гебзе.

Синдикатот Умут-Сен на платформата Х објави дека мажот е вооружен и зел седум работници во фабриката како заложници, а останатите работници биле евакуирани. Турските медиуми во моментов не е во можност да контактира со претставници на Procter & Gamble.

Работниците во фабриката земени како заложници се шест мажи и една жена. Турски медиуми јавија дека има и втор неидентификуван киднапер.

Фотографијата која ја објавија локалните медиуми покажува човек во фабриката, со лицето покриено со палестинска марама и носи нешто што изгледа како експлозивна направа.

На друга фотографија се гледа како мажот држи пиштол во едната рака, а со другата прави знак „V“, пред ѕидот на турското и палестинското знаме и натпис на кој пишува: „Портите ќе се отворат. Или мирна смрт или смрт во името на Газа“.

Повиците за бојкот на американските производи нашироко се слушаат во Турција по почетокот на конфликтот меѓу Израел и радикалното палестинско движење „Хамас“, јавија западни медиуми. мс/

фото: принтскрин Си-Ен-Ен Турк

Остани поврзан