• петок, 22 ноември 2024

Полицијата казни 30 мотоциклисти за сообраќајни прекршоци

Полицијата казни 30 мотоциклисти за сообраќајни прекршоци

Скопје, 13 март 2024 (МИА) - Во рамки на акциската контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли, полицијата казни вкупно 30 мотоциклисти, соопшти МВР.

Од нив, девет возачи управувале мотоцикл без да поседуваат возачка дозвола, односно потврда за положен возачки испит, еден мотоцикл бил нерегистриран, 19 мерки се преземени за неносење заштитна кацига, а еден мотоцикл е времено одземен поради техничка неисправност и непродолжена важност на сообраќајната дозвола повеќе од шест месеци.

Според МВР, најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Куманово - 9, потоа на територијата на СВР Велес - 7, СВР Тетово – 5...

Од полицијата најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта. сст/са/

фото МИА архива

Остани поврзан