• понеделник, 04 ноември 2024

Полицијата врши вежбовно гаѓање на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид

Полицијата врши вежбовно гаѓање на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид

Охрид, 4 октомври 2023 (МИА) – На стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид припадници на редовниот состав од Полициската станица од општа надлежност, на Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, како и од криминалистичката полиција денеска и утре спроведуваат вежбовни активности и гаѓање со боева муниција.

Активноста се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, Ловното друштво Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом“ Охрид и урбаната заедница „Билјанини извори“.

Пред почетокот на гаѓањето полициски екипи извршија теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето „Бејбунар“, со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони.

Се апелира до граѓаните кои се движат кон стрелиштето „Бејбунар“, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници. аб/са/

фото/МИА 

 

Остани поврзан