• среда, 01 мај 2024

Полицијата во Тбилиси вечерва употреби солзавец за да ги растера демонстрантите од центарот на градот

Полицијата во Тбилиси вечерва употреби солзавец за да ги растера демонстрантите од центарот на градот

Тбилиси, 8 март 2023 (МИА) - Грузиската полиција вечерва употреби солзавец за да ги растера демонстрантите собрани пред зградата на парламентот во центарот на Тбилиси, откако претходно им нареди да си заминат, а тие не послушаа.

Француските медиуми пренесуваат дека претходно полицијата употребила водени топови за да се обиде да ја исплаши толпата.

Демонстрантите се противат на контроверзниот закон за „странски агенти“, што според критичарите е насочен кон медиумите и невладините организации. сд/

 

Остани поврзан