• сабота, 15 февруари 2025

Полицијата во Скопје санкционира 147 возачи, 31 за брзо возење

Полицијата во Скопје санкционира 147 возачи, 31 за брзо возење
Скопје, 2 август 2022 (МИА) - Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 147 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 24 мерки за возење без возачка дозвола и 12 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за минување на црвено светло... МВР најавува дека засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. ев/лв/

Остани поврзан