Полицијата во Киншаса употребила солзавец за да ги растера демонстрантите
- Полицијата во Демократска Република Конго употреби солзавец денеска за да ги растера демонстрантите во главниот град Киншаса кои ги нападнаа дипломатските згради, вклучително и амбасадата на Уганда, лути поради судирите на истокот на земјата, изјави очевидец.
Киншаса, 28 јануари 2025 (МИА) - Полицијата во Демократска Република Конго употреби солзавец денеска за да ги растера демонстрантите во главниот град Киншаса кои ги нападнаа дипломатските згради, вклучително и амбасадата на Уганда, лути поради судирите на истокот на земјата, изјави очевидец.
Во источниот град Гома, болниците се преоптоварени и лекуваат стотици пациенти со рани од куршуми, минофрлачи и шрапнели, додека многу тела лежат на улиците, соопштија ОН и другите хуманитарни агенции на прес-конференција.
-Болниците се преполни. Во моментов има стотици луѓе во болниците, од кои повеќето се примени со прострелни рани“, рече Аделхаид Марчанг, координатор за итни случаи на СЗО во Демократска Република Конго.
Тешкото мало оружје и минофрлачки оган продолжи денеска на улиците каде што можеа да се забележат многу безживотни тела, изјави на истиот брифинг Јенс Лаерке, портпарол на хуманитарната канцеларија на ОН, повикувајќи се на извештаи од вработените во градот.
Бунтовниците вчера објавија дека го зазеле градот Гома и покрај тоа што Советот за безбедност на Обединетите нации бараше да ја прекинат офанзивата.
Сè уште не е јасно дали бунтовничката група М23 поддржана од Руанда го зазеде целиот град Гома, но припадниците на војската и мировниците на Обединетите нации остануваат на аеродромот, потврдија локален претставник и извор од Обединетите нации. мс/
фото: МИА архива