• среда, 08 мај 2024

Полициските хеликоптери исфрлија над 80 тони вода, продолжува гасењето на пожарот во близина на Богомила

Полициските хеликоптери исфрлија над 80 тони вода, продолжува гасењето на пожарот во близина на Богомила

Скопје, 22 август 2023 (МИА) - Одделот за воздухопловни единици при МВР дејствува во реонот на планината Јакупица, во близина на велешкото село Богомила каде успешно беа изгаснати неколку краци од пожарот што настана денеска, но пожарот се уште е активен и заедно со пожарникарите од ТППЕ Велес се преземаат дополнителни мерки за негово гасење.  

-По добиено барање од Центарот за управување со кризи дека поради непристапниот терен во шумата потребно е да се активираат два хеликоптера на МВР, веднаш е постапено и хеликоптерите до сега прецизно исфрлија над 80 тони вода. Хеликоптерот  Ми-171 во 25 налета исфрли преку 60 тона вода, а хеликоптерот БЕЛЛ 212 во 20 налета исфрли преку 20 тона вода, информираа од МВР. цр/хс/

Фото и видео: МВР

 

Остани поврзан