• среда, 10 јули 2024

Полициските службеници со летоци ги информираа возачите за задолжителна зимска опрема

Полициските службеници со летоци ги информираа возачите за задолжителна зимска опрема

Штип, 11 ноември 2023 (МИА) - Задолжителната зимска опрема за возилата почнува од 15 ноември. По тој повод денеска полициски службеници од отсекот за превенција при СВР Штип со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип, спроведоа превентивно едукативна активност кај наплатната станица кај село Кадрифаково, светиниколско и на повеќе локации во централното градско подрачје.

Во соопштението на СВР-Штип се вели дека на возачите им беа делени летоци со едукативна содржина за важноста и обврската за поседување и носење на зимска опрема во возилата под мотото „Биди подготвен за безбедно патување во зима“, со цел зголемување на севкупната безбедност во сообраќајот. вд/ир

Фото: СВР Штип 

Остани поврзан