• понеделник, 23 декември 2024

Полициските кучиња во Латинска Америка во борба против Ковид-19

Полициските кучиња во Латинска Америка во борба против Ковид-19
Мексико Сити, 12 март 2021 (МИА) - За кучињата се смета дека имаат околу 300 милиони мирисни рецептори - многу повеќе од луѓето, што им овозможува исклучително силно чувство за мирис. Тоа долго време се користи за откривање наркотични средства, оружје и мртви лица и единки. Полициските кучиња во Латинска Америка сега се обучуваат и за откривање на Ковид-19. Во Ел Салвадор, на пр., се користат веќе некое време вештачки мириси, слични на потта на човекот заразен со коронавирус, заради обуката на кучињата... - Тоа не е така лесно, затоа што се чини дека соевите на Ковид-19 доста често се менуваат. Оние познати досега послужија за вештачки ароми, за обука на кучиња, вели Вилбур Аларкон, тренер за кучиња во Мексико. Тој очекува, „полицајците со четири нозе“ наскоро да почнат да патролираат на аеродромите, автобуските терминали и граничните премини во Мексико. Кучето открива и го обележува заразеното лице, со што активира строг протокол за биобезбедност, со што се намалува ризикот луѓето да ѝ се приближат на заразената личност и да се заразат.  си/

Остани поврзан