• четврток, 16 мај 2024

Полицајците од СВР Тетово даруваа крв

Полицајците од СВР Тетово даруваа крв

Тетово, 15 март 2023 (МИА)- Во полициската станица во Тетово денес се собраа 15 единици крв во рамки на шестчасовната крводарителна акција. Ова е прва ваква акција за годинава спроведена во просториите на Секторот за внатрешни работи Тетово.



- Вработените во овој Сектор на дело ја искажаа својата несебичност и хуманост и беа собрани вкупно 15 единици крв. СВР Тетово, инаку години на ред се вбројува меѓу крводарителски најуспешните институции во поширокиот Полошки регион со над 100 собрани единици годишно од течноста која живот значи и во која им се посветува посебно внимание на афирмацијата и унапредувањето на оваа хуманитарна активност, информираше портпаролот Марјан Јосифоски.

Во текот на годината во СВР Тетово ќе има уште неколку крводарителни акции. ас/сх/

Фото: СВР Тетово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан