• петок, 12 јули 2024

Поклукар: И Словенија ја прекина имунизацијата со вакцината на АстраЗенека

Поклукар: И Словенија ја прекина имунизацијата со вакцината на АстраЗенека
Љубљана, 15 март 2021 (МИА) - Словенија исто така се приклучи на земјите во Европската унија кои одлучија привремено да ја прекинат имунизацијата против Ковид-19 со вакцината на „АстраЗенека“, потврди вечерва министерот за здравство Јанез Поклукар. На ненајавената прес-конференција во Љубљана, Поклукар рече дека таквата одлука е донесена превентивно и дека ќе важи се додека за сигурноста не се изјасни Агенцијата за лекови на Европската унија (ЕМА), што се очекува во текот на утрешниот ден. Франција и Италија денеска објавија дека ја запираат употребата на вакцината против коронавирусот на компанијата „АстраЗенека“, приклучувајќи им се на листата европски држави кои тоа го сторија претходно – Германија, Холандија, Ирска и Данска. „АстраЗенека“ вчера соопшти дека нема докази дека нивната вакцина против Ковид-19 го зголемува ризикот од згрутчување на крвта, пренесе ДПА. паг/

Остани поврзан