• петок, 22 ноември 2024

Покетино фаворит за селектор на САД

Покетино фаворит за селектор на САД

Њујорк, 9 август 2024 (МИА) - Маурисио Покетино е фаворит за нов селектор на репрезентацијата на САД. Американската фудбалска федерација веќе е во преговори со луѓе од неговиот штаб. Разговараат и со други кандидати, а не е јасно и дали самиот Покетино ќе се согласи да го преземе тимот.

Аргентинецот се поврзуваше и како една од опциите за селектор на Англија.

Евентуалното назначување на Покетино би било голем удар за американската федерација. Стручњакот имаше успех со Саутемптон и Тотенхем пред кратката „ескурзија“ во Пари Сен Жермен. Тој го водеше Челси минатата сезона, но беше отпуштен по само една година на „Стемфорд Бриџ“, откако „сините“ завршија на шестото место на конечната табела.

Маурицио Покетино и спортскиот директор на ФА на САД, Мет Крокер соработуваа во Саутемптон кога Крокер ја водеше академијата на „светците“. дс

Фото: Архива

Остани поврзан