• петок, 19 јули 2024

Покетино подготвен повторно да работи

Покетино подготвен повторно да работи

Лондон, 11 јуни 2024 (МИА) - Неодамна отпуштен од Челси, Маурисио Покетино призна дека е подготвен повторно да започне со работа што е можно поскоро. Тој е склон да слуша предлози и чека нов предизвик.

-Полн сум со енергија и мислам дека добро ја завршивме сезоната. Сега чекам да видам што ќе се случи. Во фудбалот никогаш не се знае што ќе се случи - денес нема ништо, а утре може да има друга можност. Подготвен сум да  слушам понуди, призна Покетино.

Во последните денови низ англиските медиуми кружат информации за средба на аргентинскиот стручњак и шефот на Манчестер Јунајтед, Сер Џим Ретклиф.

Сепак, во моментов тоа не е потврдено и нема ништо конкретно околу негова преселба на „Олд Трафорд“. дс

Фото: Архива

Остани поврзан