• сабота, 25 мај 2024

Покетино: Кавгата за пеналот покажува дека имаме многу да учиме

Покетино: Кавгата за пеналот покажува дека имаме многу да учиме

Лондон, 16 април 2024 (МИА) – Тренерот на Челзи, Маурисио Покетино беше исклучително задоволен од играта на неговиот тим во победата над Евертон со 6:0. Сепак, Покетино ја посочи ситуацијата околу изведување на пеналот како недозволива.

Имено, по дваесетина минути од почетокот на второто полувреме беше досуден пенал за „сините“ и тогаш околу тоа кој да го изведе се натегнуваа Николас Џексон и Кол Палмер.

-Не ми се допаднаа расправиите пред пеналот. Ние сме млад тим со многу за учење. Зборував со момчињата по натпреварот и се надевам дека никогаш повеќе нема да видиме вакво нешто. Им се извинувам на навивачите. Фудбалерите мора да се однесуваат како професионалци. Сите знаат дека пеналите ги изведува Кол Палмер, објасни Аргентинецот.

Челзи е во серија од осум натпревари без пораз. Екипата на „Стемфорд Бриџ“ последен пат загуби (0:1) на 25 февруари од Ливерпул.

Следен натпревар на „сините“ е полуфиналето од ФА Купот против Манчестер сити. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан