• среда, 08 мај 2024

Покетино: Имам поддршка од клупското раководство

Покетино: Имам поддршка од клупското раководство

 

Лондон, 27 февруари 2024 (МИА) – Тренерот на лондонски Челзи, Маурисио Покетино, рече денеска дека има поддршка од челниците на клубот и покрај поразот од Ливерпул во финалето на англискиот Лига куп.

Челзи во неделата загуби по продолжение од Ливерпул со 1-0, а британските медиуми по натпреварот објавија дека Покетино би можел да добие отказ.

„Се поздравив со сопствениците по натпреварот против Ливерпул. Разговаравме за натпреварот и шансите кои ги пропуштивме. Мислам дека игравме добро. Ми дадоа поддршка“, изјави Покетино, пренесува Би-Би-Си.

Покетино во мај седна на клупата на Челзи. Екипата од Лондон во моментов се наоѓа на 11 место на табелата со 35 бодови. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан