Покер на Роналдо за победа на Ал-Наср над Ал-Вахда
- Ал-Наср вечерва на гостински терен го совлада тимот на Ал-Вахда во натпреварот од 16. коло на шампионатот на Саудиска Арабија со резултат 4:0.

Мека, 9 февруари 2023 (МИА) - Ал-Наср вечерва на гостински терен го совлада тимот на Ал-Вахда во натпреварот од 16. коло на шампионатот на Саудиска Арабија со резултат 4:0.
Кристијано Роналдо ги постигна сите четири гола на натпреварот. Погоди во 21., 40., 51. (пенал) и 61. минута.
Ал-Наср се искачи на првото место во поредокот на првенството на Саудиска Арабија со 37 бодови.
Ал-Вахда е на 13. Позиција со 15 бода. зс/