• среда, 26 јуни 2024

Познат јутјубер трет на европските избори на Кипар според излезните анкети

Познат јутјубер трет на европските избори на Кипар според излезните анкети

Никозија, 9 јуни 2024 (МИА) – Независниот кандидат Фидиа Панајоту, познат кипарски јутјубер и инфлуенсер, е на третата позиција на европските избори на Кипар, според излезните анкети (exit poll), односно процените на изборните резултати објавени од медиумите, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за 24-годишен јутјубер, инфлуенсер, тик-токер и слично, познат под името Фидиа особено популарен на Кипар и без никакво искуство во политиката, а излезните анкети прогнозираат дека е веднаш зад двете најголеми кипарски партии ДИСИ и АКЕЛ, а за третата позиција води битка со ултранационалистичката ЕЛАМ.

На европските избори, Република Кипар одбира вкупно шест претставници во Европскиот Парламент.

Доколку се потврдат прогнозите на излезните анкети, двете најголеми партии ќе добијат по двајца европратеници, а едно место ќе добие Фидиа, односно ќе стане европратеник. ср/

 

Остани поврзан