Познати сите полуфиналистки на Австралија опен
- Сите четвртфинални натпревари на турнирот во женска конкуренција на Австралија опен во 2026 година се завршени. Познати се полуфиналните двојки.
Мелбурн, 28 јануари 2026 (МИА) - Сите четвртфинални натпревари на турнирот во женска конкуренција на Австралија опен во 2026 година се завршени. Познати се полуфиналните двојки.
Во првото полуфинале, на 29 јануари, ќе настапат белоруската тенисерка Арина Сабаленка (рангирана број 1 во светот) и украинската тенисерка Елина Свитолина (рангирана број 12).
Во другото полуфинале исто така утре, ќе настапат американската тенисерка Џесика Пегула (рангирана број 6) и казахстанката Елена Рибакина (рангирана број 5).
На машкиот дел одГрен слемот во Мелбурн, досега пласман помеѓу четворицата најдобри изборија Карлос Алкараз (Шпанија) и Александар Зверев (Германија). зс/
Фото: ЕПА