Познати полуфиналните двојки на Светското клупско првенство во фудбал
- Баерн Минхен ќе игра против Ал Ахли во полуфиналето на Светското клупско првенство, додека втората полуфинална двојка ја сочинуваат Палмеирас и Тигрес

Ал Рајан, 4 февруари 2021 (МИА) - Баерн Минхен ќе игра против Ал Ахли во полуфиналето на Светското клупско првенство, додека втората полуфинална двојка ја сочинуваат Палмеирас и Тигрес.
Африканскиот првак закажа пресметка со актуелниот европски шампион, откако вечерва триумфираше над Ал Духал од Катар со 1:0. Единствениот гол на стадионот во Ал Рајан го постигна Хусеин Ел Шахата во 30 минута.
Претходно, пласман во полуфиналето и пресметка со јужноамериканскиот шампион Палмеирас закажа и првакот на КОНКАКАФ, мексикански Тигрес по победата над јужнокорејскиот Улсан со 2:1.
Мечот меѓу Палмеирас и Тигрес ќе се игра на 8 февруари, а ден подоцна на програмата е дуелот меѓу Баерн и Ал Ахли.
Финалето на Светско клупско првенство во Катар ќе се игра на 11 овој месец. ег/ми/