• петок, 05 декември 2025

Познати полуфиналните двојки во ракометниот Куп на Македонија

Познати полуфиналните двојки во ракометниот Куп на Македонија

Скопје, 20 мај 2025 (МИА) - Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) беше извршена ждрепката за полуфиналето во Купот на Македонија.

Во првото полуфинале од 17 часот ќе биде меѓу бранителот на пехарот Алкалоид и Вардар 1961.

Во втората полуфинална битка ќе се соочат Еурофарм Пелистер и домаќинот ГРК Охрид од 19:30 часот.

Фајналфор турнирот кај мажите се игра во салата „Билјанини Извори“ во Охрид на 31 мај и 1 јуни. дс

Фото: Архива

 

Остани поврзан