• недела, 22 декември 2024

Познати детали од договорот на Гатузо со Марсеј

Познати детали од договорот на Гатузо со Марсеј

Рим, 27 септември 2023 (МИА) - Италијанскиот стручњак Џенаро Гатузо наскоро може да ја преземе тренерската функција во Марсеј, пренесува новинарот Николо Шира. 

 

Според Шира, договорот на Гатузо со францускиот клуб ќе биде со важност до 2025 година. Останува уште клубот и агентите на тренерот да се договорат за последните детали. 

 

Гатузо моментално е без ангажман. Негов последен клуб беше Валенсија, каде работеше од јули 2022 до јануари 2023 година. 

 

Претходно, Италијанецот беше тренер на Наполи, Милан, Пиза, Палермо, Сион и ОФИ. зс/ 

 

Фото: ЕПА 

Остани поврзан