• петок, 28 јуни 2024

Пожар од корпа за отпадоци зафатил помошен објект и автомобил

Пожар од корпа за отпадоци зафатил помошен објект и автомобил
Струмица, 26 септември 2022 (МИА) - Пожар од корпа за отпадоци во дворно место на А.М. (57) на улицата „Цветан Димов“ во Струмица синоќа зафатил помошен објект и преден дел од автомобил „форд фокус“. Според полицијата, пожарот бил пријавен во 21:20 часот, а веднаш по пријавувањето интервенирала ТППЕ Струмица по што пожарот бил изгаснат. Според информациите од струмичките пожарникари, со навремената интервенција е спречено пожарот да се прошири и да направи поголема материјална штета. Увид на местото на пожарот извршила екипа на СВР Струмица. рт/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан