Пожар на патот Штип - Радовиш, гори нискостеблеста шума, грмушки и трева
- Од Центарот за управување со кризи информираат дека добиле пријава за пожар на отворено на патот Штип - Радовиш, на излезот на Штип близу затворот.

Скопје, 4 август 2023 (МИА) - Од Центарот за управување со кризи информираат дека добиле пријава за пожар на отворено на патот Штип - Радовиш, на излезот на Штип близу затворот.
Екипите на ТППЕ Штип се на терен. Пожарот се шири лево и десно од патот кон село Драгоево, после затворот.
Како што информираат од ЦУК, гори нискостеблеста шума, грмушки и трева. дма/
Фото:МИА архива