• четврток, 04 декември 2025

Пожар избувна во пристаништето во Хамбург, затворен е голем автопат

Пожар избувна во пристаништето во Хамбург, затворен е голем автопат

Хамбург, 25 август 2025 (МИА) – Пожар избувна во магацин во пристаништето во Хамбург, поради што беше затворен голем автопат во близина, јави ДПА.

Според очевидци, оддалеку се слушале силни звуци, што укажувало на мали експлозии.

Полицијата соопшти дека блискиот автопат А1 меѓу Нордерелбе и Морфлет бил целосно затворен поради остатоци.

Пристаништето во Хамбург е водечки центар за надворешна трговија на Германија, според неговата веб-страница. јт/

Фото: ДПА

Остани поврзан