Пожар зафати дел од туристичкиот комплекс Манастир во Берово
- Пожар вечерва зафати дел од туристичкиот комплекс Манастир во Берово. На терен се екипи на ТППЕ Берово кои веднаш по дојавата се упатиле во кругот на објектот каде е забележан густ чад.

Берово, 27 октомври 2024 (МИА) - Пожар вечерва зафати дел од туристичкиот комплекс Манастир во Берово. На терен се екипи на ТППЕ Берово кои веднаш по дојавата се упатиле во кругот на објектот каде е забележан густ чад.
Оттаму повеќе информации за обемот на пожарот и евентуалната причинета штета најавија во текот на вечерта.
Очевидци за МИА велат дека засега нема опасност од проширување на пожарот на околните објекти. вс/вг/
Фото: МИА