• четврток, 26 март 2026

Пожар во складиште за нафта во регионот Волгоград по напад со украински дрон

Пожар во складиште за нафта во регионот Волгоград по напад со украински дрон

Москва, 10 јануари 2026 (МИА) - Гувернерот на рускиот регион Волгоград, Андреј Бочаров, денеска објави дека избувнал пожар во складиште за нафта, предизвикан од пад на украински дрон.

„...Откриен е пожар во складиште за нафта како резултат на падот на дрон. Пожарникарите, службите за итни случаи и општинските службеници работат на местото на настанот“, рече Бочаров на Телеграм.

Тој, исто така, објави дека привремено засолниште во училиште е ставено во состојба на готовност во случај да биде потребна евакуација на жителите од блиските куќи.

Прелиминарните извештаи покажуваат дека никој не е повреден, додаде Бочаров. мс/

фото: Архива

Остани поврзан