• понеделник, 23 декември 2024

Пожар во просториите на рафинерија на автопатот меѓу Атина и Коринт – порака за евакуација до сите што се во близина

Пожар во просториите на рафинерија на автопатот меѓу Атина и Коринт – порака за евакуација до сите што се во близина

Атина, 17 септември 2024 (МИА) – Голем пожар избувна попладнево во просториите на грчката нафтена компанија „Мотор оил“ што се наоѓаа во градот Агии Теодори во близина на автопатот што ги поврзува Атина и Коринт, додека од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака за евакуација до сите што се во блзина на рафинеријата, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Противпожарната служба на Грција соопштија дека пожарот е во просторот на рафинеријата и мобилизирани се копнени и воздушни сили.

Неофицијално интервенираат 35 пожарникари со девет возила и три хеликоптери. ср/

Остани поврзан